Опис
Great Wall Hover H5
Hover H5 е елегантен, практичен и моќен SUV. Моделот е со модерен дизајн каде што ентериерот обезбедува доволно простор и удобност за патниците. Го има во две варијанти на пренос : 4х2 и 4х4, со електронска селекција на преносот. Автомобилот е со богата стандардна опрема, кое вклучува автоматска клима, ABS + EBD, воздушни перничиња, централно заклучување, 17-инчни алуминиумски бандажи, 4 електрични прозорци, аудио систем со MP3, двојно оптички фарови, LCD задни светла, фарови за магла, затемнети задни прозорци, автоматски фарови и сензори за дожд.
 
Повисокото ниво на опрема вклучува кожен ентериер и електронско позиционирање на возачкото седиште, DVD систем, задни паркинг сензори со камери во боја и др.
 
5 години или 150 000 км. гаранција  
 
Можност за поврат на ДДВ.
Cпецификација
Great Wall Hover H5
Технички податоци:
Должина: 4649 мм
Клиренс под полно оптоварување : 194 мм
Широчина: 1810 мм
Преден/заден агол на приод/одминување: 22/27,5°
Височина: 1745 мм
Зафатнина на багажен простор: 810-2074 л
Меѓуоскино растојание: 2700 мм
Зафатнина на резервоар: 70 л
Мотор:
Бензински реден 4 цилиндричен мотор со електронско палење.
Зафатнина: 2378 см3
Максимална моќност: 136 к.с.
Максимален вртежен момент: 200 Њм
Забрзување 0-100 км/ч: 12,3 сек.
Максимална брзина: 171 км/ч
Средна потрошувачка: 10,3 л/100км

Фабричен плински уред

Автомобилите GREAT WALL со бензински мотори можат дополнително да бидат опремени со фабричен плински уред со течно вбризгување на горивото (Liquid Propane Injection – LPi), со кој што се задржува гаранцијата на автомобилите (5 години).


Бои
Great Wall Hover H5
Цени, опрема и технички карактеристики
Great Wall Hover H5
ГАЛЕРИЈА
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10 11 12 13 14 15 16