За Толту
 
Фирмата ТОЛТУ постои од 13.04.1989 година, и до денес изгради репутација на сервис на кој квалитетот, брзината и задоволството на муштеријата е на прво место.
 
Основна дејност уште од самиот почеток на формирање на фирмата е сервисирање на сите типови на патнички и лесни доставни возила. Сервисот годишно има проток од над 2000 возила од сите видови на поправки.
 
Со тек на време ТД Толту зеде свое место и на пазарот на автомобили како генерален импортер и дилер на еколошки најприфатливите возила произведени во Европа - AIXAM и MEGA, како и возилата од реномираниот производител на возила од ПРЕМИУМ класата - SUBARU.
 
Од почетокот на 2012 година ТД Толту стана и генерален импортер и дистрибутер на најпознатиот кинески автомобилски производител Great Wall Motors кој со вградување на современа автомобилска технологија во нивните модели, ги задоволија највисоките стандарди за екологија и безбедност, и со тоа почнаа да се пробиваат и на најпробирливите светски пазари.
 
Како дел од својата политиката, фирмата се ориентира кон оние брендови на возила кои нудат висок квалитет и модерна технологија, за на крај со понудената долготрајност и сигурност на возилата, најголем бенефит имаат купувачите.